X
 18.03.2019 Живот

Во Египет ископана мумија со лик на вонземјанин

При археолошки ископувања во Египет се откриени мумии кои датираат од 323 година пр.н.е., но една од нив особено ѝ го привлекува вниманието на светската јавност бидејќи личи на вонземјанин, пренесува порталот „Њусинстакт“.

Многу од десетиците мумии во гробницата се одлично сочувани, според египетското министерство за антиквитети. Уфолозите, пак, сметаат дека жителите на древен Египет имале контакт со вонземни хуманоиди кои ги научиле Египќаните како да ги изградат пирамидите.

Сепак, има и такви што сметаат дека мумијата со обоено лице како на вонземјанин има рационално објаснување и дека е можно да се работи за „добро изведена измама“.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот