X
 18.05.2022 Живот

Видео од рингишпил до улица во Србија го шокира регионот

Видео направено во Овчa, во близина на Белград, Србија, ги шокира жителите на земјата и пошироко. Во видеото се гледа функционален рингишпил поставен веднаш до улица на која минуваат автомобили.

Во него може да се види како децата летаат покрај и над автомобилите кои се обидуваат да ги одбегнат. Многу граѓани го осудиле сопственикот на рингишпилот, а многу коментари на социјалните мрежи биле насочени и кон родителите кои им дозволиле на децата да го користат рингишпилот.

Според локалните медиуми, властите го отстраниле рингишпилот, а против сопственикот е поднесена казнена пријава.


Извор: Dnevnik
Насловна фотографија: Facebook (printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот