X
 18.06.2021 Наука

Осите се многу корисни за планетата и за луѓето

Во 2019 година едно истражување покажало дека осите може логично да размислуваат. Сега ново истражување покажува дека тие се корисни за човештвото, иако многумина го мислат спротивното.

Анкета на професорот Сејриан Самнер од Универзитетскиот колеџ во Лондон покажала дека генерално луѓето ги мразат осите. Како што изјавил тој, луѓето живееле во хармонија со пчелите долго време, но односот на луѓето со осите често е непријатен бидејќи осите ги уништуваат пикниците и се вгнездуваат во домовите.


Фото: Pixabay

Меѓутоа, според него, луѓето треба да го сменат начинот на кој гледаат на осите бидејќи од нив има еколошки поволности за планетата, а изумираат со слична брзина како пчелите. Самнер тврди дека осите може да се користат како замена за пестициди, за опрашување на растенија или за медицински цели, па дури и во исхраната.

Според Самнер, осите посетуваат најмалку 960 видови растенија, а 164 од овие видови, меѓу кои и орхидеите, целосно зависат од нив за опрашување. Освен тоа, поголемиот дел од осите не бодат, а може да се користат за отстранување несакани инсекти од растенијата.

Истражувањето на Самнерс вклучува 500 научни извештаи за осите и може да го смени начинот на кој гледаме на овој вид. Истражувањето било објавено во „Биолоџикал ривјус“.

Автор: Лукиа Пападопулос
Извор: interestingengineering.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука