X
 18.08.2023 Живот

Ова е најбезбедната земја за туристите за 2023 година

Додека популарните места за одмор како Шпанија и Франција се сметаат за доста безбедни, постои една европска земја која редовно се наоѓа на врвот на листата на најбезбедни дестинации.

Исланд и оваа година се најде на врвот на Индексот за глобален мир и беше оценет како најбезбедна дестинација за одмор за туристите. Земјата беше оценета како политички стабилна и има ниска стапка на криминал.

Иако Исланд можеби не звучи како идеална дестинација за летен одмор, оваа земја е совршена за бегство од топлотните бранови низ Европа.

Земјата има прилично уникатни пејзажи со природна убавина.

Плажата Рејнисфјара беше прогласена за најдобра плажа на континентот во престижното годишно рангирање на плажите на „Трипадвајсор“. Плажата со црн песок е покриена со вулканска пепел и е опкружена со морски купови.

Сепак, туристите треба да внимаваат кога ја посетуваат плажата бидејќи убавото место може да биде и многу опасно. Огромни се крајбрежните бранови кои можат ненадејно да ги однесат луѓето во морето. Безбедно е да се посети плажата, но туристите треба внмателно да ги прочитаат безбедносните знаци и да се држат подалеку од водата.

Ова е листата на најбезбедни земји во светот:

1. Исланд
2. Данска
3. Ирска
4. Нов Зеланд
5. Австрија
6. Сингапур
7. Португалија
8. Словенија
9. Јапонија
10. Швајцарија

Извор: Express.co.uk
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот