X
 18.09.2021 Живот

Тестови на личноста, лажни спомени, лапсуси: Начини на кои мозокот си поигрува со нас

Можеби сте слушнале дека луѓето користат само 10 отсто од мозокот, но тоа е мит. Поголемиот дел од мозокот речиси секогаш е активен, дури и кога спиеме. Меѓутоа, мозокот си игра со нас без да бидеме свесни, и тоа не е мит. Ова се некои психолошки феномени што сме ги доживеале речиси сите.

Барнумов ефект

Познат и како Фореров ефект, ова е феномен кој се јавува кога луѓето веруваат дека описот на личноста се однесува на нив, иако во описот има генерички податоци кои може да се однесуваат на секого. Добри примери за тоа се колачињата на среќа, хороскопот и онлајн тестовите за личноста.


Фото: Freepik

Илузија на транспарентноста

Честопати мислиме дека оние околу нас ги чувствуваат истите емоции како и ние, но тоа не е така. Оваа разлика помеѓу сопственото искуство и она што го чувствуваат другите е позната како илузија на транспарентност.

Фројдовски лапсус

Дали некогаш сте помислиле да кажете нешто, но наместо тоа, сте изговориле нешто сосема друго? Тоа обично се случува при зборувањето, но може да се случи и при пишувањето. Овој феномен е познат како фројдовски лапсус, а е именуван по Сигмунд Фројд.

Според Фројд, делови од несвесниот ум понекогаш „се лизнуваат“ во свесното однесување, па тоа ве принудува да изговорите нешто што не сте го планирале.


Фото: Freepik

Лажно помнење

Нашата меморија е поподложна на влијанија отколку што мислиме. Работите на кои се сеќаваме може да се сменат во зависност од тоа како и кога се сеќаваме на нив. На тој начин се создаваат лажни спомени, кои ви изгледаат како вистински, но се креација на вашиот ум.

Пример за тоа може да биде погрешното убедување дека сте вклучиле некој уред или сте завршиле обврска што сте ја планирале.

Извор: DDL
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот