X
 18.10.2023 Здравје

Долготрајните симптоми може да се јават и кај настинките, не само кај ковид-19

Најмалку 10 отсто од луѓето што се заразиле со коронавирусот имаат симптоми кои траат повеќе од четири недели по заразата. Според процените, тоа значи дека десетици милиони луѓе имале или имаат таканаречен долг ковид-19.

Меѓутоа, оваа болест не е единствената што предизвикува долготрајни симптоми. Во нов труд група истражувачи ги истражувале долготрајните симптоми на пациенти со различни видови акутна респираторна инфекција.

Било забележано дека речиси сите класични симптоми на овие болести, како замор, губење на здивот, болка и вртоглавица, биле чести кај лица кои боледувале од респираторна инфекција која не е поврзана со ковид-19.

Со други зборови, откритијата покажуваат дека постои „долга настинка“, односно долготрајни симптоми на други респираторни инфекции како настинка, грип или пневмонија.

Сепак, било забележано дека долготрајните симптоми на овие инфекции се послаби во споредба со оние од ковид-19, посочуваат истражувачите.

Извор: Science alert
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје