X
 18.12.2023 Живот

Над 3.900 лица годишно заболуваат од „професионални карциноми“ во ЕУ

Во периодот од 2013 од 2021 година во ЕУ се официјално регистрирани 33.712 случаи на „професионални карциноми“ или во просек 3.909 случаи годишно, покажуваат податоците на Европската статистичка агенција - Евростат.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, под терминот „професионален карцином“ се подразбира заболување од рак како последица на долготрајна изложеност на канцерогени фактори на работното место.

Најчестите типови на „професионален карцином“ се рак на белите дробови, мезотелиом (вид рак поврзан со изложеност на азбест, што се развива во тенкиот слој на ткивото што покрива многу внатрешни органи, познат како мезотелиум), како и канцер на мочниот меур.

Од вкупниот број случаи „професионални карциноми“ во посочениот период, 13.944 се канцери на дишните патишта или белите дробови, а 13.530 се случаи на мезотелиом. Според податоците на Евростат, на овие два типа заболувања отпаѓаат околу 80 проценти од случаите на „професионални карциноми“.

На трето место, но сепак со значителен број од 2.416, се случаите на малигна неоплазма на мочниот меур.

Извор: МИА


Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот