X
 19.01.2022 Живот

Стаклена кабина со панорамски поглед во Финска ве спојува со природата

„Лучија смарт“ е мала кабина обложена со стакло во Инари, Финска, дизајнирана да обезбеди панорамски поглед на околината и на небото.

Нејзината стаклена надворешност слична на огледало ја рефлектира зелената околина, дозволувајќи ѝ да „исчезне“ меѓу дрвјата.

1

7

Кабината, дизајнирана од финската компанија за градежно стакло „Савон Ласитоуте“, може да се користи или како сместување или како работен простор.

2

3

- Нашата цел беше да дизајнираме простор што ќе овозможи да се доживее природата во сета нејзина величествена убавина од удобноста на креветот - велат од компанијата.

5

6

Кабината се доставува до локацијата, подготвена за употреба, и може да се инсталира на темели и да се поврзе со инфраструктурата според упатствата на производителот.

Извор: Designboom.com
Фото: pirinen & salo
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот