X
 19.02.2021 Живот

Прекрасни снимки од аурора бореалис и аурора аустралис на канадското небо

Дре Ервин, кој по професија е медицински брат, обожава да фотографира. Себеси се нарекува „терапевтски фотограф“, а за неговото видео наречено „Јужна светлина“ вели дека може да ја смири сечија вознемиреност.

Видеото било направено во близина на неговиот дом во Пајнхаус Лејк, Канада, на 6 февруари, кога експлозија на танцувачка светлина направила спектакуларно шоу на небото.

- Ова е најдоброто нешто што сум го видел досега - вели Дре Ервин на видеото.

- Токму на овие моменти треба да се фокусираме сите - на убавината на животот - пишува Ервин.

Седнете и уживајте во убавината на овој неверојатен феномен.


Извор: Good News Network
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот