X
 18.06.2021 Живот

Неверојатна фотографија од бура што изгледа како жестока експлозија на небото

Лора Роу, фотограф, возејќи низ источен Тексас со своето момче, случајно била сведок на спектакуларна сцена.

Она што почнало како нормален ден се претворило во нешто многу поголемо кога Роу успеала да направи фотографија од бура „подготвена“ да експлодира благодарение на рефлектираната светлина од зајдисонцето.

Роу вели дека таа и нејзиното момче возеле кога забележале како им се приближува торнадо. Тогаш одлучиле да ја „бркаат“ бурата и да ја видат одблизу.

- Немав поим колку убаво ќе изгледа одблизу. Возевме по земјени патишта, одвреме-навреме застанувајќи да фотографираме. Местото каде што ја направив последната фотографија всушност беше нашата последна станица. Мислев дека сме премногу блиску, но бурата се движеше на другата страна, па останавме онаму каде што бевме. Батеријата на телефонот ми беше при крај, па затоа направив уште неколку фотографии додека сонцето заоѓаше и стануваше темно. Во тоа време немав поим дека фотографијата ќе стане вирална - раскажува Роу.

Гледајќи ја фотографијата, лесно е да се разбере зошто стана толку популарна. Тешко е да се поверува, но фотографијата е направена со паметен телефон „ајфон 11“. Облаците се прилично импресивни, но мистичниот сјај што се чини дека доаѓа однатре е она што ја прави уникатна.

Извор: Mymodernmet.com
Фото: Twitter
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот