Преголемата консумација на преработените житарици и ориз е една од главните причини за порастот на случаи на дијабетес тип 2 низ светот, покажува ново истражување.
- Нашето истражување покажува дека лошиот квалитет на внесени јаглехидради е главна причина за дијабетес тип 2 предизвикан од исхраната на глобално ниво - изјави Дариуш Мозафариан, професор на универзитетот „Тафтс“ во САД.
Освен лошите јаглехидрати, луѓето јадат премногу црвено и процесирано месо, како сланина, колбаси, салама и слично, според истражувачите. Згора на тоа, тие не јадат доволно цели зрнести житарици. Овие три фактори се главни за зголемениот број случаи на болеста.

Фото: Pixabay
Се смета дека просечно седум од десет нови случаи на дијабетес тип 2 во 2018 биле предизвикани од лоша исхрана. Истражувачите ги донеле заклучоците врз основа на анализа на податоци од 1990 до 2018 година од 184 земји.
Жителите на Полска и на Русија, каде што исхраната се базира на компир и црвено и процесирано месо, како и други земји од Источна и Централна Европа и Централна Азија, имале повеќе заболени од болеста како последица на исхраната.
Извор:
CNN
Насловна фотографија: Pixabay