X
 19.05.2022 Живот

Ѝ наплатиле 40 долари во болница зашто плачела

Јутјуберката Камила Џонсон од Њујорк на својот твитер-профил објави фактура која ѝ ја издала американска болница на нејзината сестра по преглед. Токму поради сметката, постот на Камила предизвика многу реакции.

Таа открива дека нејзината сестра боледува од ретка болест и се бори да најде соодветна нега. При неодамнешната посета во болница, сестрата на Камила била преплавена од емоции бидејќи се чувствувала фрустрирано и беспомошно.

- Мојата помала сестра во последно време се бори со здравјето и конечно отиде на лекар. За плачење болницата ѝ наплати 40 долари - пишува Камил на постот.

- Една солза и ја наплатија 40 долари без да проверат зошто плаче, без да се обидат да помогнат, без процена, рецепт... Повеќе ѝ наплатија за плачење отколку за процена на видот, анализа на хемоглобинот, процена на ризикот за здравјето и земање примероци од крв. Берни Сандерс, отсекогаш сакав да ти кажам дека те сакам. Можеби ќе го видиш ова - додава таа.

Твитот предизвика многу реакции. Една жена сподели дека нејзиниот 9-годишен син имал ковид и екстремно висока температура. По посетата на лекар за да добијат соодветни лекови, добиле сметка од 1.577 долари. Еден твитер-корисник посочи дека „цената за плачење“ е зголемена, затоа што минатата година таа била 11 долари.

Исто така, многумина во коментарите се согласија дека токму тоа се причините поради кои многу луѓе во Америка не бараат лекарска помош кога им е потребна.

Извор: Index.hr
Фото: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот