X
 19.06.2017 Живот

Германците и нивниот отпад

Собирањето на отпадоците не е нешто за кое треба да се грижат само градските служби или претпријатија. За да се зачува животната средина, потребна е помош и соработка од граѓаните. Германија има долга традиција на тоа поле, најмногу заради парите кои се трошат, но и повторно може да се добијат од сметот.

Секоја боја нешто значи

Сината воглавно значи дека во таа канта се собира хартија. Кога се споменува хартија, се мисли исклучиво на хартија, тука дури не спаѓаат ниту опаковките од пица или колачи, бидејќи тоа го нарушува процесот на рециклирање. Не се препорачува ниту фрлање на пластифицирани хартии – постери и списанија.

Кафеава е бојата на земјата

Во таа канта оди се што ќе се претвори во прав – од остатоци од храна до овенато цвеќе. Сето тоа оди во постројки за производство на био-плин.

Жолто за пластика?

Ако на оваа канти има знак „зелена точка“, тогаш не смее да се фрла секоја пластика, туку амбалажата која го содржи тој знак. Тоа значи и метал и стиропор. Со тој знак произведувачите плаќаат еколошки данок за нивната амбалажа.

Премногу отпад се плаќа

Ако има премногу отпадоци, тогаш може да се фрлат и во вреќа. Но, не во било каква. Секоја куќа плаќа за празнење на одреден број на канти, а ако има премногу ѓубре, тоа може да се стави во вреќа во чија цена е и надоместот за извоз. Таквите посебни вреќи се продаваат обично на киоск, а ако ставите некакви вреќа со отпад пред врата, тоа може да ве чини и казнена пријава.

Црни канти за се останато

Црните, обични канти се за сиот отпад кој нема да се рециклира. Треба да се биде внимателен, бидејќи најстрого е забрането и казниво во таквите канти да се става посебен отпад, хемикалии или градежен отпад.

Посебен отпад

Батериите можат да се фрлаат во посебни кутии кои се поставени во маркетите, електричните апарати можат да се предадат во продавници за такви апарати, но опасните хемикалии и градениот материјал мора да се однесе на депонија и да се пријави за каков отпад станува збор, а потоа и да се плати.

Преполни канти

Службениците имаат право да одбијат да ја испразнат кантата ако е преполна. Таква не може да биде поставена на камионите за отпад.

Бојата на стаклото

За стаклата обично има контејнер за бело, кафеаво и зелено стакло. Но, што ако стаклото е сино или црвено? Во погоните за рециклажа знаат дека од таквото стакло никогаш нема да добијат „чиста“ боја каква што можеби бара некој произведувач, така што треба да се внимава барем кај белото стакло. Во таа канта не смеат да се фрлаат ниту чаши или искршени прозори – тоа е друг вид на стакло.

Денес не.

Во некои градови постојат и куќни контејнери за стакло, но по правило тоа се збирни места некаде на улица. Кога во нив се фрлаат шишиња тоа добро се слуша, така што е забрането нивното користење по 20 часа, во недела и за време на празници.

Автомати во продавниците

Тие се опремени со сензори кои ја мерат големината, тежината и потоа го читаат баркодот на производот и проверуваат дали тоа шише има повратна амбалажа и дали е воопшто купена во вашата земја.

Социјална помош

Секаде каде што постои надомест за враќање, таа ги привлекува и оние кои редовно ги прегледуваат кантите и собираат шишиња од оние кои немале волја тоа некаде да го однесат. Проблемот е што после тоа се остава голем неред.

Масивен отпад

Порано во многу градови во Германија имало неколку термини годишно кога се собира масивниот отпад. Денес воглавно мора да се договори термин со службениците.

Стара облека и чевли

Во многу градови постојат контејнери за стара облека и чевли. Често тоа се и контејнери обезбедени од хуманитарни организации, кои ја испраќаат старата облека на оние на кои им е потребна.

Дали Германците се навистина толку педантни луѓе?

Се разбира дека не се сите, па и покрај мерките, отпад има насекаде, осбено по парковите и тоа обично во понеделник, каде што голем број семејства поминувале време викендот.

Сторија на: dw.com
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот