X
 19.07.2017 Живот

Дали знаете на која возраст сме најзадоволни од животот?

Секако дека тинејџерите ја имаат виталноста на своја страна, но за мудрост и психичка стабилност, едноставно мора да се проживее животот. Вистина е дека сите нешта си доаѓаат во свое време и тоа со причина, а животот после триесеттата нѐ соочува со многу предизвици.

1. Учењето странски јазик е најлесно на 7 или 8 години. Околу ова тврдење научниците сѐ уште не можат да се согласат. Но, факт е дека нов јазик најлесно се учи во раната младост, пред пубертетот.

2. Мозокот најдобро процесира на 18 години. Силата на процесирање на мозокот се проверува со карактеристично тестирање кое вклучува броеви и симболи. Поточно, секој симбол одговара на еден број, а тестирањето се спроведува така што низа броеви треба да се преведат во симболи, „од памет“. Според едно истражување од 2016 година, најдобри резултати имаат осумнаесетгодишниците. 

3. Имиња најдобро се паметат на 22 години. Сите сме се нашле во ситуација да се запознаеме со некој и да не му го запомниме името. Такви незгоди најмалку ни се случуваат на 22 години, покажале студиите.

4. Најзадоволни од животот сме на 23 години (првпат). Истражување спроведено на 23.000 германски испитаници покажало дека луѓето се најзадоволни од животот во сите негови аспекти на 23 години.

5. Мускулите ни се најсилни на 25, но такви ќе ни останат во идните 10 до 15 години. Најсилни сме на 25 години, но не само мускулите што ќе ни останат оформени во идните 10 до 15 години, туку со редовно вежбање можат и да се дозајакнат.

6. Идеално време за формирање семејство е на 26-годишна возраст. Се разбира дека тоа не е „мртво слово на хартија“, но раното стапување во брак оди во прилог, за што покажуваат и резултатите од истражувањата - дека најмалку разведени двојки се оние што се венчале помеѓу 28. и 32. година од животот.

7. Елитните маратонци најчесто имаат 28 години. Според истражувањата што се спроведуваат во последните 50 години, просечниот број на години кога се трча маратон помалку од два часа е 28.

8. Коските се најцврсти на 30. Густината на коските е најголема на 30 години, но нивното здравје исто така може да се одржува со внесување витамин Д и калциум.

9. Луѓето најдобро препознаваат лица на 32 години. Во низа лабораториски тестирања се покажало дека луѓето на 32-годишна возраст се најспособни за побрзо и поточно препознавање лица на странци што ги гледаат вторпат во животот.

10. Добитниците на Нобеловата награда ги направиле најголемите откритија во просек на 40 години. Ова се резултатите од истражувањето на американскиот Национален институт за економски истражувања. Но, резултатите не се однесуваат само на „нобеловците“ – авторите на студијата велат дека најголемите цели луѓето ги постигнуваат во својата средна возраст.

11. Туѓите емоции најдобро ги разбираме во четириесеттите и педесеттите години. Истражување спроведено на 10.000 луѓе покажало дека оние во 40 и 50-тите можат да опишат цела лепеза туѓи емоции само со гледање во очите на други луѓе од фотографии.

12. Во аритметика сме најдобри на 50. Се разбира дека сметањето сите сме го совладале во основно училиште, но педесетгодишниците најдобро решаваат задачи ако ги начекаме „неподготвени“.

13. Задоволството од животот повторно е на врвот во 69. година. Врвното задоволство од животот нѐ чека и долго после 23. година. Поточно, најголемото задоволство во животот доаѓа во 69. година, а студиите покажале дека луѓето се позадоволни после 60. година, во споредба со оние што се пет години помлади.

14. Најбогат речник имаме во доцните шеесетти и раните седумдесетти. Врз основа на многубројни јазични тестирања каде што испитаниците морале да заокружат еден точен одговор, се докажало дека најмногу зборови луѓето знаат во доцните шеесетти и раните седумдесетти.

15. Навистина со годините стануваме помудри. Во истражување на група психолози, испитаниците добиле задача да прочитаат текст за конфликти и потоа одговарале на прашањата. Од нивните одговори научниците анализирале како испитаниците ги согледуваат нештата, колку се способни да предвидат промена, колку земаат предвид различни исходи, колку се свесни за несигурноста и колку се подготвени на компромис. Резултатите покажале најдобри одговори кај најстарата група испитаници, оние од 60 до 90 години.

16. Големи одлуки се носат во годините што завршуваат на 9. Приближувањето до „заокружен“ роденден е сепак помалку застрашувачко. Проучувајќи ги луѓето на 29, 39, 49 и 59 години, научниците заклучиле дека токму во тие години најчесто ги носиме важните одлуки, независно дали се добри или лоши.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот