X
 19.09.2022 Живот

Пензиите ќе се зголемат за 7 проценти, најави Тренчевска

На крајот од месецов пензионерите ќе добијат околу 7 проценти покачување, усогласување на пензиите согласно новата методологија што ја донесовме во март 2022, односно усогласување 50 проценти од трошоците за живот и 50 проценти во однос на просечната плата, изјави денеска министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска во Штип.

Таа информира дека некаде околу 36 илјади домаќинства се приматели на гарантирана минимална помош кои се вклучени во системот за социјална заштита.

- Системот од 2019 година во делот на намалување на сиромаштијата дава ефекти, особено во пандемијата и економската криза со која се соочуваме, брзо ги вклучува сите оние што во одреден момент се нашле во ситуација да се материјално необезбедени. Постојат мерки и за семејства кои се со еден родител, како и за оние семејства каде што имаме две, три или повеќе деца, детски и образовен додаток - рече Тренчевска.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот