X
 19.09.2023 Забава

Најскапиот бургер во светот чини 10.000 евра и се прави во Хрватска

Мирослав Мирковиќ во своето последно видео на „Јутјуб“ одлучи да го посети ресторанот „Кракен“ на островот Вир во Хрватска. Овој ресторан го прави најскапиот бургер во светот, кој чини 10.000 евра. Овој бургер е официјално пријавен за рекорд во Гинисовата книга на рекорди.

Што има во овој бургер за да чини толку многу?

- Си игравме со некои нови техники и користевме „некомпатибилни“ состојки. Има риба и говедско, гуска, овошје и зеленчук и алкохол, но сè што е искористено е најдоброто во својата класа - изјавил сопственикот на ресторанот, Анте Башиќ.

Во видеото се покажани неколку состојки кои одат во специјалитетот, како црн тартуф, шпанска пршута и тесто со шампањ и коњак. Името на бургерот е „Инвидија“, што во превод од латински значи завист.


Извор: Klix
Насловна фотографија: Instagram (printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава