X
 19.09.2023 Забава

Знаете колку епизоди имаше „Мистер Бин“? Многумина мислат дека се повеќе

Серијата „Мистер Бин“ е една од најпознатите телевизиски серии во светот. На социјалните мрежи деновиве се дискутира за траењето на серијата. Имено, многумина не можат да веруваат дека таа имаше само 15 епизоди кои беа емитувани во период од шест години.

Роуан Аткинсон ја воодушеви публиката со својот чуден лик и неговите авантури. Серијата траеше шест години, од 1990 до 1995 година, и имаше само 15 епизоди.

Корисници на социјалните мрежи се изненадени дека толку позната серија имала толку малку материјал во тој временски период. Како што посочил еден корисник, секоја епизода имала три различни приказни во неа, па затоа се добива чувство дека сте гледале три епизоди.

Сепак, Мистер Бин остави многу култни комични сцени во тие 15 епизоди кои се паметат и денес.


Извор: Klix
Насловна фотографија: Youtube (printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава