X
 19.12.2020 Забава

На аукција ќе се одбира човек кој ќе разнесе поранешно казино на Доналд Трамп

Жителите на Атлантик Сити, Њу Џерси, ќе имаат уникатна можност да разнесат казино кое му припаѓа на претседателот Доналд Трамп. Се организира собирање на средства за децата и тинејџерите во регионот, а на аукција ќе биде одбрано лице да го притисне копчето и да го разнесе казиното следниот месец.

Казиното постои од 1984 година, но било затворено во 2014. Претходно годинава почнало неговото уривање, но останува главната структура која треба да биде разнесена на 29 јануари.

Сега властите одлучиле да го искористат рушењето за собирање средства за хуманитарни потреби. Личноста која ќе го притисне копчето ќе биде одбрана на аукција на 19 јануари, а победник ќе биде оној што ќе донира најголема сума.

Парите ќе ѝ бидат донирани на хуманитарна организација што организира рекреативни и едукативни програми за деца и тинејџери во градот. Се очекува да се соберат над 1 милион долари.

Автор: Стути Мишра
Извор: independent.co.uk
Насловна фотографија: digitizedchaos/Wikipedia
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава