X
 19.12.2023 Живот

Во оваа земја студентите и канцелариските работници одат во „затвор“ за накратко да избегаат од стресот

За жал, стресот е дел од нашето секојдневие, па затоа сакаме да одиме на место каде што ќе бидеме далеку од сите грижи и обврски.

Токму затоа, многу јужнокорејски студенти одат во установа слична на затвор за да се ослободат од стресот.

Илјадници Јужнокорејци се насочуваат кон „затворите“ со цел да го избегнат стресот. Токму тоа им го овозможува „Призн инсајд ми“ во градот Хонгчеон, кој всушност е лажен затвор кој на „затворениците“ им овозможува да избегаат од секојдневието исполнето со грижи и стрес.

На овие „затвореници“ им се одземаат телефоните, им даваат сина униформа, подлога за јога, сет за чај, пенкало и тетратка. Тие не смеат да зборуваат меѓу себе и им се даваат основни оброци, вклучувајќи каша од ориз за појадок и варени слатки компири за вечера.

Студентите се едни од најчестите посетители


Сето тоа е доброволно, а голем број од затворениците се студенти и канцелариски работници кои бараат мирен викенд подалеку од високоинтензивната работна култура во Јужна Кореја. Во земја каде што работните часови се долги и стапките на самоубиства се високи, ова може да спаси илјадници животи.

Јужнокорејците се трети граѓани со најдолг стаж по Мексиканците и Костариканците. Станува збор за хиперконкурентна работа и училишна култура која е опишана како „смртоносно токсична“ и експертите веруваат дека придонела за високите стапки на стрес и самоубиства во земјата.

Токму поради таа култура се роди овој затвор. Коосновачот Но Џи-Хјанг вели дека идејата за лажниот затвор ја добил нејзиниот сопруг, обвинител кој често морал да работи 100 часа неделно.

- Тој еднаш рече дека повеќе би сакал да оди во самица една недела за да се одмори и да се чувствува подобро - вели таа.

- Бев физички и психички исцрпен, но не бев доволно храбар да ја напуштам работата. Не знаев што да правам со мојот живот. Потоа размислував дека можам да одам во самица на една недела и таму да се одморам - вели нејзиниот сопруг.

Сега, стотици Јужнокорејци ги користат овие ќелии од шест квадратни метри во периоди од 24, а понекогаш и 48 часа. Во ќелиите нема часовници, нема огледала, а има само еден мал тоалет.

Чувството на слобода во затворот


- Овој затвор ми дава чувство на слобода. Бев премногу зафатен. Не треба да сум тука, со оглед на работата што морам да ја работам. Но, одлучив да застанам и да погледнам зад себе, во потрага по подобар живот - вели 28-годишната Парк Хи-ри, која е канцелариски работник.

Таа платила околу 70 евра за да помине 24 часа во затворот и дел од многуте што се одлучуваат за оваа форма на „засолниште“ за менталното здравје. Според неа, самицата не е ништо во споредба со животот надвор.

- Таму сте буквално затворени, што е целиот концепт на програмата. Сепак, учесниците велат дека тука ја почувствувале најголемата среќа и слобода. Повеќето од нив на почетокот давале отпор бидејќи им било кажано дека е затвор. Но, откако престојувале внатре, велат дека таа мала ќелија не е затвор. Всушност, надворешниот свет е затворот - вели таа.

Извор: Mojfaks.dnevnik.hr
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот