X
 20.02.2017 Наука

Загатка која ќе ве збуни - Парадокс на Судот

Парадокс на Судот, е многу стар проблем во логиката кој потекнува од античка Грција. Имено, познатиот мудрец Протагора имал ученик, Еуатлус. Еуатлус требало да му плати на Протагора за неговите часови после освојувањето на првиот случај. Во некои верзии Протагора ги барал своите пари кога ученикот завршил со образованието, додека во други тој чекал додека станало очигледно дека Еуатлус не се трудел да најде клиенти. Во секој случај, Протагора се решил да го тужи Еуатлус за парите кои му ги должел. 

Моментот со парадоксот се случува токму тука: Доколку Протагора го освои случајот, треба му бидат платени парите. Доколку Еуталус победи, Протагора пак ќе ги добие парите поради првичниот договор, бидејќи Еуатлус ќе го освои првиот случај. Но, ученикот тврдел дека доколку победи не треба да му плати на Протагора. Доколку Протагора победи, тој повторно не треба да му плати бидејќи не го освоил случајот и не е обврзан да плати. Прашањето е: Кој од двајцата е во право?


Фото: Pixabay

Анализа

Од морална гледна точка, се чини дека и двајцата се во право или двајцата не се во право, поради нејасната природа на сценариото. Сепак, кога станува збор за правото, ако Судот донесе одлука во корист на Протагора, условите на оригиналниот договор помеѓу него и неговиот ученик ќе бидат валидни и Еуатлус ќе треба да му плати на Протагора. Од друга страна, ако победи Еуатлус, тогаш Судот ќе му дозволи на Еуатлус да не плати.

Сепак, од објективна гледна точка, начинот на кој Судот може да ја донесе својата одлука не мора да е парадокс. Судот би можел да донесе одлука дека Еуатлус (како обвинет) ги прекршил условите на договорот или не ги прекршил. Последователната загатка нема правно значење за одлуката на судот.

Во некои граѓански случаи, ако обвинетиот добие на Суд, тогаш е заштитен од плаќања поврзани со актот - одење на суд. Судот може да донесе одлука дека Протагора, како неуспешен тужител, треба да му го плати износот на Еуталус. Со тоа, оригиналниот договор ќе биде исполнет и Еуталус ќе нема обврска да му плати на Протагора за неговите часови.

Најлошиот случај за Протагора ќе биде да го изгуби случајот, да добие исплата по основниот договор, и да треба да му плати на обвинетиот.

Дополнително, спротивно од законот на Античка Атина каде обвинетите биле должни да се претстават на суд, Еуталус би можел да ангажира адвокат да го преземе случајот, со што ќе го онеспособи случајот како стандард за плаќање. Меѓутоа, правен советник во форма на логографос бил дозволен само надвор од судницата и за обвинетите, и за тужителите.

Решението

Решенијата тврдат дека постојат два правни аргументи со кои би имало разрешница.

1. Протагора тврди дека непишан договор како додаток на оригиналниот договор е дека студентот мора да влезе во професијата на правото.

Ако Протагора победи во овој случај, тогаш Еуталус мора да плати. Ако Протагора изгуби, тогаш Еуталус мора да му го плати според оригиналниот договор.

2. Непишаната претпоставка на договорот е дека случаите помеѓу двете лица се ослободени од договорот. Цитирањето на логички правила ги спречуваат да ги применат условите за себеси.

Еуталус може да избегне плаќање само ако тој ги освои двата случаи, случајот 1. и случајот 2.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука