X
 20.02.2020 Култура

Каде завршуваат оскаровските фустани по церемонијата?

Првата церемонија за доделување на „Оскарите“ се одржала на 16 мај 1929 година. Присуствувале само 250 луѓе, а траела 15 минути. Победниците биле прогласени три месеци пред настанот. Денес, доделувањето на „Оскарите“ е голем настан во филмската индустрија и привлекува милиони гледачи од целиот свет. Некои го следат настанот поради филмовите, а други поради прекрасните фустани на ѕвездите.

Како славните ги одбираат фустаните?

Познатите лица почнуваат со подготовки за настанот три месеци претходно. Нивните тимови се состојат од фитнес-тренер, нутриционист, фризер, шминкер и стилист. Целта на стилистот не е само да создаде убав изглед, туку и да биде медијатор помеѓу познатата личност и дизајнерот. Стилистот дознава кој друг ќе носи фустан од истиот дизајнер за да се спречи ситуација во која двајца ќе имаат ист изглед.

Стилистот предложува неколку опции - еден главен фустан и неколку резервни. Носењето фустан од одреден бренд од страна на славна личност е реклама за самиот бренд, па затоа дизајнерите ги убедуваат познатите личности да ги носат нивните фустани.



Некои ѕвезди потпишуваат договори со брендови во кои стои колку пати личноста треба да носи облека од тој бренд. Речиси сите фустани се уникатни и специјално изработени за славната личност. Ѕвездите најчесто одбираат фустани од последните колекции, па затоа понекогаш носат фустани што веќе биле премиерно прикажани на модната писта.

Дизајнерите им испраќаат избор од најмногу 60 фустани на славните и на нивните стилисти. Поголемиот дел од фустаните се со големина ХЅ и Ѕ. Во 2012 година 6 дизајнери одбиле да ја облекуваат Мелиса Мекартни бидејќи немале фустани со нејзината големина.

До 80-тите години славните најчесто сами се подготвувале за церемонијата, а само најголемите ѕвезди добивале понуди од модните брендови. Џорџо Армани прв го искористил црвениот тепих како платформа за рекламирање.

Кој плаќа за фустаните?

Дизајнерите се тие што ги покриваат трошоците, а тие исто така им плаќаат на славните да ги носат нивните парчиња на церемонијата. Цените почнуваат од 150.000 долари. Доколку познатата личност се согласи да го носи фустанот, добива пари, а процент добива и нејзиниот стилист, додека модниот бренд добива реклама. Во случај дизајнерот и славната личност да се пријатели, ова може да биде бесплатно. Во тој случај познатата личност добива уникатен фустан, а модниот бренд добива бесплатна реклама.




Каде одат фустаните по церемонијата?

Иако многу фустани се уникатни, тие се во сопственост на брендот или дизајнерот. Познатите личности треба да ги вратат фустаните во следните 48 часа. Големите брендови потоа ги чуваат фустаните поради историската вредност. Во 2011 година  фустан од „Живанши“ што го носела Одри Хепберн бил продаден за 130.000 долари. Некои помали брендови ги изнајмуваат фустаните.

Кога станува збор за церемонијата, постои личност чија работа е да го држи и исправува задниот дел од фустанот на ѕвездите.


Најскапиот накит што бил носен на црвениот тепих е ѓерданот што Лејди Гага го носела на церемонијата во 2019 година. Се проценува дека ѓерданот вреди 30 милиони долари, а ѝ припаѓал на Одри Хепберн.

Извор: Brightside.me
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура