X
 20.02.2022 Живот

Виенското метро вработува студенти

Во Виена летово ќе се нудат 12 слободни места за најбараната обука во градот - возач на метро. Станува збор за платена тримесечна обука која трае осум часа дневно. По обуката, учесниците се вработуваат на половина работно време за да им бидат поддршка на редовните возачи.

Обуката почнува на 27 јули годинава и вклучува технички детали за метрото, постапувањето со патниците и возење во симулатор и во метрото. Може да се пријават сите што имаат најмалку 21 година.

Работното време е флексибилно и распоредот се договара од понеделник до петок, најмалку 12 часа неделно.
Вработените добиваат и бесплатна годишна карта за користење на метрото и попуст на картите за други градови во Австрија.

Како што вели генералната директорка на метрото, Александра Рејнагл, целна група за обуката се студентите кои за време на студирањето може да работат хонорарно. Оваа програма за вработување постои од 2019 година и е особено популарна меѓу студентите на техничките факултети во Виена.

Извор: Studomat
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот