X
 20.03.2019 Живот

Филм што покажува дека американско-мексиканската граница е повеќе од линија на мапа

Група американски режисери, кои главно снимаат во природа, поминале неверојатен пат од 3.200 километри по должината на американско-мексиканската граница.

Новиот филм „Реката и ѕидот“ (The River and the Wall) на најдобар начин прикажува како изгледа границата за која толку многу се зборува.

Режисерот Бен Мастер вели дека прашањето дали да се гради ѕид или не нема никаква поента затоа што од 3.200 километри од Мексиканскиот Залив до Долна Калифорнија, повеќе од 2.000 километри се во дивина.

Неговата мисија е да ја прикаже разновидноста на природата на овој пат и да покаже дека оваа граница е многу повеќе од линија на мапа.

Погледнете го тизерот за филмот.

Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот