X
 20.04.2018 Живот

Почина шведскиот диџеј Авичи

Авичи, шведскиот диџеј, познат по хитовите „Wake me up!“, „Levels“ и „You make me“ почина на 28 годишна возраст. Неговиот издавач ја потврди веста.

avici
Фото: Shutterstock

„Со длабока тага објавуваме за загубата на Тим Берглинг, исто така познат како Авичи. Тој беше пронајден мртов во Мускат, Оман, на 20 април. Неговото семејството е очајно, така што ги молиме сите да ја почитуваат потребата за приватност во ова тешко време. Нема да бидат дадени дополнителни изјави“.

Авичи го објави неговото пензионирање од турнејата во 2016 година, наведувајќи го патувањето со пријателите како причина за промена на неговата перспектива. „Моите избори и кариерата никогаш не беа водени од материјални работи. Иако сум благодарен за сите можности и удобности, мојот успех ме истроши. Знам дека сум благословен со можноста да патувам низ целиот свет и да изведувам, но премалку оставив за животот на вистинската личност позади уметникот“, напиша диџејот во тоа време.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот