X
 20.04.2023 Технологија

„Нетфликс“ потврди дека ќе наплаќа за споделување лозинка

„Нетфликс“ му става крај на бесплатното споделување лозинки. Компанијата досега тестира платено споделување лозинки во Канада, Нов Зеланд, Шпанија и во Португалија, а сега планира да почне да наплаќа за споделување лозинки насекаде низ светот.

Претставувајќи ги финансиските резултати од претходниот квартал, компанијата напишала дека е задоволна од резултатите од тестирањето, а бесплатното споделување лозинки ја намалува способноста за инвестирање и подобрување на услугите за корисниците што плаќаат.

Компанијата очекува откажување на услугите од страна на некои корисници кога ќе почне да се наплаќа споделеното гледање, но корисниците често повторно ги активираат нивните профили.

Се очекува корисниците да може да додадат уште двајца гледачи на нивниот профил, за кои ќе платат околу 6 долари по лице.

Извор: Mashable
Насловна фотографија: Pixabay 
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија