X
 20.09.2018 Живот

Шест работи што секогаш треба да ви бидат во работниот простор

Вашето работно биро е дел од просторот каде што ги извршувате сите задачи поврзани со работата. Бирото и работниот простор треба да ги организирате на начин кој ќе ја зголемува продуктивноста, а не само да ги наполните со работи што ви го одвлекуваат вниманието.

Неорганизираноста може да резултира со загубени електронски пораки и заборавени рокови. Затоа треба да имате организирано биро. Без разлика дали работите од дома или во канцеларија, ова се шест работи што секогаш треба да ги имате за да бидете организирани и да ја зголемите продуктивноста.

1. Добар канцелариски стол


Фото: Business Insider

Седењето на неудобен стол цел ден може да резултира со болки во грбот и да ви го одвлече вниманието, па да изгубите концентрација. Добар стол треба да овозможи лумбална и карлична поддршка за отстранување на стресот од мускулите на вашиот грб. Со оглед на тоа што лошата положба може да доведе до главоболки или замор, добриот стол е вредна инвестиција.

2. Планер


Фото: Business Insider

Иако светот е дигитализиран и има и онлајн-планери, може да биде од помош ако роковите, состаноците, повиците и другите потсетници ви се напишани и на хартија. Напишаната листа со работи што треба да ги направите ставена на вашето биро може да ви помогне да бидете точни, да ве потсети на тоа што следува и да ви помогне да ја елиминирате можноста за грешки.

3. Безжичен печатач


Фото: Business Insider

Иако повеќето работи во денешно време се вршат онлајн, сепак, некогаш ќе ви притреба печатач. Ако не користите хартија, тоа е корисно за животната средина, но ако треба да испечатите формулар и да му го испратите на некој работодавец или, пак, ако сакате да вршите поправки со пенкало, безжичниот печатач би ви бил од голема помош. Исто така, безжичниот печатач значи еден кабел помалку.

4. Картотека или папка


Фото: Business Insider

Некогаш ќе се случи да имате важни документи кои ќе треба да ги зачувате за иднина. За да не ги загубите, набавете си картотека или папки за сите важни документи да ви бидат организирани. Во една папка во фиоките од бирото можете да ги чувате сите документи и секогаш да знаете каде е тоа што ви треба.

5. Надворешен хард диск


Фото: Business Insider

Ако зависите од вашиот компјутер за поголемиот дел од работата, тогаш е многу важно да чувате резерва од важните фајлови и документи, во случај вашиот хардвер да крахира. Надворешните хард дискови се релативно евтини. Можете да користите и таканаречен облак за складирање како „Гугл Драјв“, „ДропБокс“ или други, но препорачлив е физички надворешен диск во случај некогаш да загубите пристап до вашите интернет-профили или, пак, ако ви треба пристап до нешто кога нема интернет.

6. Полнач за телефон


Фото: Business Insider

Дури и ако работите во канцеларија каде што користењето на телефонот во текот на работното време не е дозволено, вистината е дека се случуваат секакви работи и може да има итен случај кога во моментот треба да исконтактирате некого.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот