X
 03.03.2024 Технологија

Телефонот на преклопување „барби“ ќе се појави на пазарот летово

Ако се прашувавте кога компаниите конечно ќе престанат да заработуваат од популарноста на Барби, одговорот е дека тоа нема да биде наскоро.

Компанијата ХМД, која во изминатите години произведуваше мобилни телефони на „Нокиа“, на Светскиот конгрес за мобилни телефони објави дека се здружила со компанијата „Мател“ и летово ќе го лансира официјалниот „барби флип фоун“ на пазарот. Уредот ќе биде достапен во розова боја со блескав ефект.

Естетски, ова звучи како оригиналниот розов паметен телефон „моторола разр“, но мобилниот телефон „барби“ ќе остане во границите на основното и едноставното. Тоа ќе биде мобилен телефон со функции, а не паметен телефон, а ХДМ го промовира како додаток насочен кон стил, носталгија и неопходна дигитална детоксикација.

Од ХДМ не откриваат детали, ниту пак објавија фотографии и информации за телефонот, но се очекува да го сторат тоа во секој момент.

Извор: Klix.ba

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија