X
 21.01.2019 Живот

Кликни за да се помолиш со папата

Папата Франциск ги повика католиците да се молат со него на интернет, претставувајќи ја апликацијата на страницата „Click To Pray“ (Кликни за да се помолиш). Станува збор за официјалната интернет-страница на Ватикан, Светска молитвена мрежа (Worldwide Prayer Network), соопшти Ватикан.

Се работи за посебна друштвена мрежа каде што секој верник ќе може да направи свој профил. Кога ќе се избере опцијата „Да се помолиме со папата“, било на мобилната апликација било на интернет-страницата, верниците ќе може да видат за што треба тој месец да се помолат со највисокиот католички поглавар.

Има и опција „Да се помолиме со мрежата“, а тоа е „просторот каде што корисниците можат да ги споделат молитвите со други лица“. Целта е да се создаде платформа со која луѓето „ќе му се придружат на папата во мисијата на сострадание кон светот“, се вели во описот.

Освен на „Клик ту преј”, Франциск има профили и на „Твитер“ и на „Инстаграм“.

Од друга страна, пак, папата не еднаш предупредил дека друштвените мрежи можат да доведат до намалување на реалното општење и комуникацијата меѓу луѓето.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот