X
 21.02.2023 Култура

Овие познати филмови неочекувано добиваат продолженија, меѓу кои и хит од 1997 година

Неочекувано е филмовите постари од 10 години да добијат продолжение, но и тоа се случува, барем кога се во прашање филмовите „Ние сме Милерови“, „Јас сум легенда“, „Откачениот петок“... Ретко кој очекуваше дека на овие филмови би им било потребно продолжение бидејќи се чинеше дека заплетот на филмот е завршен.

Но, ова се филмови кои наскоро добиваат продолженија.

„Јас сум легенда“



Меѓу филмовите чие продолжение не се очекуваше е и американскиот постапокалиптичен акционен трилер од 2007 година, базиран на истоимениот роман на Ричард Метисон од 1954 година. Главната улога ја толкува Вил Смит. Заплетот на првиот филм ги следи напорите на научникот Роберт Невил да го спречи ширењето на неизлечив вирус кој се заканува да го уништи човечкиот вид.

Потврдено е дека доаѓа продолжение, но Вил Смит нема да ја репризира улогата, туку на негово место ќе биде Мајкл Б. Џордан. Во првиот филм смртта на главниот лик го заокружи дејството, но откриено е дека вториот дел ќе се базира на еден од алтернативните краеви, така што Вил Смит сепак ќе се појави во продолжението.

„Ние сме Милерови“




По 10 години од оригиналот започнува продолжението на оваа комедија, која во 2013 година беше меѓу 16. филма со најголема заработка. Дејството на продолжението е непознато, но се верува дека повторно ќе се појави оригиналната актерска екипа.

„Знам што направи минатото лето“




Странските медиуми ја објавија веста дека се подготвува продолжение на еден од култните хорор-филмови од крајот на 20 век. Во продолжението улогите треба да ги репризираат актерите кои се појавија во оригиналот - Џенифер Лав Хјуит и Фреди Принц Џуниор. Ова ќе биде четвртиот дел од франшизата, но прв што ќе го обедини оригиналниот тим.

„Откачениот петок“


Тинејџерската комедија одбележува 20 години од својата премиера. Џејми Ли Кертис е виновникот што ги започна шпекулациите за продолжение.

„Луди богати Азијци“




Се смета дека овој филм е една од најуспешните романтични комедии објавени во последниве години и би требало да добие не едно, туку две продолженија. Успехот на оригиналот во 2018 година ги натера продуцентите да снимаат продолженија, но пандемијата ги попречи нивните планови. Сепак, познато е дека продолженијата ќе бидат базирани на романите на сингапурскиот писател Кевин Кван.

Извор: Index.hr
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура