X
 21.06.2023 Наука

Како кафето нѐ држи будни?

Многумина од нас штом ги отворат очите наутро, одат да направат кафе и да го испијат за да го „истуркаат“ денот. Меѓутоа, колку енергија ни дава кафето?

Кофеинот е еден од најпопуларните стимуланси во светот и најчесто се консумира во кафето. На многу луѓе им треба кофеин за да се разбудат наутро и да имаат енергија во текот на денот, но има и негативна страна: премногу кофеин може да ве држи будни дури и кога сте подготвени за спиење.

Клучот за овој несакан ефект е соединението наречено аденозин, нуспроизвод на невронската активност во мозокот. Станува збор за хемиска супстанција која се состои од молекула на аденин и рибозен шеќер.

Модулирајќи ги физиолошките процеси со дејствувањето на неговите рецептори, аденозинот игра важна улога во многу биохемиски процеси во човечкото тело. Нивоата на аденозин постојано се следат од рецепторите во нашиот нервен систем, а кога ќе паднат под одредено ниво во мозокот и 'рбетот, телото се подготвува за спиење.

Кофеинот бара специфични рецептори за аденозин и ги имитира неговите ефекти. Всушност, го мами телото да мисли дека сè уште не е време за спиење.

Колку долго дозата на кофеин влијае врз телото, зависи од голем број фактори - толеранцијата на кофеин, метаболизмот, генетиката и физичкото здравје. Меѓутоа, во повеќето случаи ефектите траат од пет до шест часа.

Луѓето што долги години пијат кафе може да искусат толеранција на кофеин што бара од нив да консумираат сè поголеми количини кафе за да го постигнат истиот стимулирачки ефект. Ако одеднаш одлучат да престанат да пијат кафе, може да почувствуваат симптоми како што се главоболки, раздразливост и гадење.

Со цел да се спречат проблемите со спиењето поврзани со кофеинот, се препорачува да се ограничи консумирањето на кофеин на четири шолји кафе дневно, а последната шолја да се пие најдоцна попладне.

Може да помогне и пиењето кафе без кофеин.

Извор: 6yka.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука