X
 21.10.2022 Забава

Ова се финалистите од натпреварот „Најсмешни фотографии од дивиот свет“ за 2022 година

Фотонатпреварот „Најсмешни фотографии од дивиот свет“ за 2022 година ги објави своите финалисти, а резултатите се забавни, како што и се очекува.

40 самостојни фотографии и 10 портфолио-записи влегоа во финалето, вклучувајќи секаков вид животи. Додека судиите да ги донесат своите конечни одлуки за победникот, публиката ќе го каже својот збор бидејќи е отворено гласањето за „Награда избрана од јавноста“.

Јавноста е поканета да го даде својот глас и има рок до 27 ноември да ја избере својата омилена фотографија. Потоа, на почетокот од декември ќе биде откриен победникот заедно со другите победници во различни категории.

- Толку многу работи се случуваат во светот, па добро би било да имаме доза на забава и смеа. Кога ќе ги видите овие фотографии, нема да останете рамнодушни. Ќе ви го направат денот - вели фотографот Том Салам, коосновач на натпреварот.

ГАЛЕРИЈА

Извор: Mymodernmet.com
Фото:  Comedywildlifephoto.com
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава