X
 21.11.2018 Живот

Во утробата на мртов кит откриени 115 пластични чаши

Близу индонезиските источни брегови беше пронајден мртов кит, кој во стомакот имал 115 пластични чаши, две пластични влечки, четири шишиња, 25 кеси и многу други пластични предмети.

 - Трупот на китот е долг 9,5 метри и бил пронајден во водите на островот Вакатоби, во провинцијата Сулавези - изјави директорот на Националниот парк Вакатоби, Хери Сантозо.

Причината за смртта не е позната, но телото веднаш беше погребано оти било во поодмината фаза на распаѓање.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот