X
 21.11.2023 Живот

Сопствениците на речиси 700 автомобили „тесла“ приредија светлосно шоу

Во обид да го соборат светскиот рекорд, стотици сопственици на автомобилот „тесла“ се собраа во финскиот град Еспо, на тркачката патека Вермо, за да приредат светлосно шоу. Претходниот рекорд за ваков собир беше 255 автомобили собрани во германскиот град Хам пред два месеца.

Но, организаторот на клубот „Тесла“ од Финска успеа тројно да го зголеми тој рекорд.

Минатата сабота се собраа вкупно 687 автомобили „тесла“, кои се паркираа на истиот паркинг, а потоа истовремено се вклучија во голем спектакл на песната „Sandstorm“ од финскиот диџеј Даруде.

Како изгледаше ова светлосно шоу, можете да погледнете на видеата.

 

Ако се прашувате како успеале да се координираат автомобилите за да се направи вакво шоу, одговорот го даде организаторот на шоуто, Сајмон Полок. Тој вели дека одговорот лежи во фактот што сите автомобили „тесла“ во светот се поврзани на интернет и имаат пристап до координиран тајминг. Било потребно само да се закаже почетокот на шоуто во исто време за сите автомобили. Полок бил одговорен за кореографијата.

 

Извор: Autonet.hr
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот