X
 21.12.2022 Живот

Четворица тинејџери во Австралија преживеаја бура на море на штици за веслање

Четворица тинејџери во вторникот беа пронајдени живи на остров во Југозападна Австралија откако ноќта ја минале во немирни води, пловејќи околу 30 километри, соопштија локалните власти.

Во објава на „Твитер“, полицијата на Викторија соопшти дека групата од две 18-годишни момчиња и две девојчиња, на возраст од 18 и 19 години, во понеделникот тргнала од градот Розебад на две штици за веслање, пред да ги зафатат ветрови кои ги турнале во заливот Порт Филип.

- Не можејќи да се спротивстават на налетите на ветрот, тие пловеле и пристигнале на островот Сван, воена тренинг-база на спротивната страна од заливот, околу 2 часот по полноќ - соопшти полицијата.

- Премрзнати и дезориентирани, нашле засолниште во колиба. Кога се разденило, лутале низ островот и биле лоцирани од обезбедувањето - извести полицијата, додавајќи дека потоа биле пренесени во болница.

Началникот на полицијата во Викторија, Теренс Роуландс, рече дека групата ја пронашол локален човек додека ја извршувал својата редовна утринска прошетка на плажа. Тој рече дека тоа е апсолутно фантастичен исход, додавајќи дека полицијата била сериозно загрижена за безбедноста на групата.

Џек Ши, татко на еден од тинејџерите, изјави дека е многу среќен и дека му олеснило што ги пронашле.
- Нашите деца се пронајдени и многу сме среќни поради тоа. Тоа е огромно олеснување, бевме очајни - рече тој.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот