X
 22.01.2017 Живот

Неверојатни нешта кои сепак се случиле

За вакви работи науката нема објаснување, а истовремено се и во „војна“ со математиката.

Човекот кој ги преживеал Хирошима и Нагасаки


Цутому Јамагучи на 6 август 1945 бил на службено патување во Хирошима, кога само на три километри од него експлодирала атомската бомба. Преживеал, но се здобил со изгореници , оштетени слушни тапанчиња и други повреди. Само три дена подоцна, на 9 август, се вратил во родниот град Нагасаки. Тука се нашол на два километри од експозијата на нова атомска бомба, што исто така ја преживеал.

Двократно погодување

Можете ли да замислите двојно погодени комбинации на лото? Е, токму тоа ѝ успеало на Морин Вилкокс во 1980 година, кога играла на лотариите на Масачусетс и Роуд Ајленд. За жал, таа ги погоди двете добитни комбинации, но во спротивна насока.

loto
Фото: Pixabay

Пророкот на Титаник

Не многу познатиот писател, Морган Робертсон, напишал книга за несреќата на бродот „Титан“, четиринаесет години пред трагедијата на „Титаник“.  Робертсон го опишал како најголемиот прекуокеански брод што бил „непотоплив“, со истата должина на бродот во сопственост на британски компании, што потонува по удар во санта мраз во Атлантикот. Сепак, авторот не погодил баш сè. Тој напишал дека ударот бил на 1.000 километри од Њуфаундленд  при брзина од 25 јазли, додека вистинскиот Титаник навистина удрил во сантата на околу 1.000 километри од Њуфаундленд, но со брзина од 22,5 јазли.

Судбинско пријателство


Девојче со име Лаура Бенкстонг го напишала своето име на балон и го испратила во воздух. Тоа стигнало до друго девојче со исто име и презиме. И двете имале иста боја на очи, но и исти миленичиња: лабрадор, зајак и мрзливец. Оттогаш се неразделни.

Исто тело, ист живот


Двајца близнаци кои биле разделени при раѓањето го добиле истото име – Џим. Џим Луис и Џим Спрингер првпат се сретнале на 39-годишна возраст. И двајцата имале по два брака. Првата сопруга и на двајцата се викала Линда, а втората Бети. И двајцата добиле синови кои се викале Џејмс Ален. И двајцата работеле како заменици на локалниот шериф. Пиеле ист бренд пиво, пушеле исти цигари и возеле ист модел на Шевролет.

Небесна провокација


Шансата да бидете погодени од метеор е навистина мала и најверојатно нема пример дека некому се случила во повеќе наврати, освен на Радивој Лајиќ од Босна. Тој е погоден од метеори, неверојатни шестпати. Тој ги сочувал сите шест камчиња и за секое од нив добил потврда дека не потекнуваат од земјата.

Совршени пропорции на вселената


Сонцето е 400-пати поголемо од Месечината и точно 400-пати пооддалечено од Земјата. Заради тоа при секое помрачување, Сонцето и Месечината совршено се преклопуваат, што е неверојатна случајност.

Судбоносен судар


Сестрите Шила Вентворт и Дорис Џин Хол, истиот ден во исто време одлучиле да тргнат во посета една на друга. Тргнале по истиот пат, доживеале сообраќајна несреќа и двете загинале. Возеле ист модел на џип.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот