X
 22.01.2023 Живот

За изработка на роботска рака, ученички проект со 3Д-печатачи, велешки велосипедисти кои маркираа 50 дестинации... Што пишувавме неделава

Билазора е најголемата светиниколска атркација

Зградата во која е сместен Народниот музеј - Свети Николе е споменик на културата, изграден во периодот од 1924 до 1926 година. Автор на проектот е арх. проф. Сотир Томовски, еден од првите академски образовани архитекти во Македонија. Музејот ги содржи следните постојани поставки: археолошка, етнолошка, историска, лапидариумот, како и просторот за повремени изложби и настани, додека движните материјални добра кои не се изложени, се сместени во депоата на установата

„Изработка на роботска рака како дел од испит и месечна стипендија“ Јована Гелебешева раскажува за студентската размена во Загреб преку Еразмус

-Запознав луѓе од различни култури - Индонезија, Мароко, Чешка, Турција и многу други места, престојував во студентски дом и имав бенефити преку студентската картичка. Исто така, во студирањето се посветуваше повеќе внимание на практичната работа, а имавме и обезбедена неколкумесечна пракса од страна на факултетот.

Велешки велосипедитсти маркираа и промовираа 50 дестинации за кои досега не сме слушнале - некои од нив извозуваат по 60.000 километри годишно

-Четири од овие места се наоѓаат во околината на Велес, од каде што потекнува Здружението „Велес бајкинг“, а од кое потекнува идејата за овој несекојдневен проект за запознавање со ретките убавини на Македонија.Околу 6.000 километри поминати со автомобил и 2.000 километри извозени со велосипед низ земјава за да се маркираат, раскажат и доловат убавините во два терабајти видеоматеријал и низ повеќе од 3.000 фотографии со кои ќе се полни штотуку отворениот портал www.visit50placeinnorthmacedonia.com.

Ученици од техинчкото училиште во Битола преку 3Д-печатачи ќе го намалуваат пластичниот отпад

- Идејата е да се развие мобилна апликација преку која клиентите ќе може да пријават локација каде што има пластичен отпад, пред сѐ, отпаден материјал кој го користат 3Д-печатачите, со цел да се собере. Понатаму идејата на тимот е таа пластика што ни одговара да ја сортираме и преработиме, односно од неа да се обидеме да произведеме нов филамент (материјал) за 3Д-печатење. Пластиката што нема да ни одговара планираме да им ја предадеме на нашите партнери за да ја реупотребат - вели Христијан Николовски, тим- лидер на проектот.

Интервју со Гоце Цветановски, режисер на „Денот на жената“, „Светот на Биби“, „Јон Вардар против галаксијата“ спотови за Ед Ширан, Самсунг...

-Гоце Цветановски е режисер. Неговиот прв долгометражен филм „Денот на жената” ја очекува својата светска премиера. Се потпишува на режијата на голем дел од творештвото од „Светот на Биби“. А неговата најголема тенденција е да се потпише на првиот македонски долгометражен анимиран филм. Продуцира кратки филмови, музички спотови, комерцијални реклами... Со неговиот тим од 2Д-аниматори работи и за комерцијални клиенти, како Ед Ширан, „Феит ноу мор“, Самсунг, Алкател...

Скопјанката Ана Стојановиќ студира во Русијa: „Цела недела сме ангажирани на факултет, а обезбеден е психолог за оние кои се вознемирени од војната“

-На факултетите има бесплатен психолог за сите што се вознемирени од војната, студентскиот дом е софистициран, може да се користат машините за перење со плаќање преку мобилна апликација, оценувањето е со оценки од 1 до 5, притоа со 2 не се положува, вели Ана Стојановиќ

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот