X
 22.10.2023

Интервју со сопругата на Претседателот, колку чини студирањето во Словенија, Тхе Мичо оди на „Лука комикс енд гејмс“... Што пишувавме неделава

300 евра за сместување, уште толку за храна, 20 за превоз... Колку троши месечно македонски студент во Словенија

Од 300 евра нагоре е сместувањето во соба во приватен стан, уште толку се потребни за храна, 20 евра за месечна автобуска карта, нема партиципации, но студентот мора да има 5.000 евра на сметка или родителите да дадат изјава дека ќе го финансираат.

Тхе Мичо е единствен претставник од Македонија на „Лука комикс енд гејмс“, најголемиот фестивал на поп-културата во Европа

Еден од нашите најплодни и најкреативни илустратори и стрип-уметници, Михајло Димитриевски - Тхе Мичо е дел од најголемиот фестивал на поп-културата во Европа „Лука комикс енд гејмс“. Фестивалот има традиција од 30 години и на него учествуваат многу афирмирани и реномирани имиња од стрип-културата. Тхе Мичо е единствен претставник од Македонија годинава, но и воопшто досега.

Интервју со Елизабета Ѓоргиевска, сопруга на Претседателот: „Кога секој во рамките на своите можности ќе придонесе за подобрување на состојбите, сите ќе живееме во еден поубав свет“

Првата дама, или како што таа самата претпочита - сопруга на Претседателот, Елизабета Ѓоргиевска, е редовен професор на Стоматолошкиот факултет и раководител на Катедрата за детска и превентивна стоматологија на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Таа е магистер и специјалист по педијатриска и превентивна стоматологија од 2002 година, а од 2006 година е доктор на науки. Има остварено неколку истражувачки посети на универзитети во Велика Британија, Белгија и САД, а исто така работела на неколку меѓународни истражувачки проекти.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk