X
 22.01.2024 Култура

Нова документарна серија на „Нетфликс“ ги шокира гледачите

„Американски кошмар“ (American nightmare) е нова серија на „Нетфликс“ која е снимена според приказна за вистински злосторства. Таа ги остава гледачите во шок поради постапките на надлежните власти.

Серијата, составена од три дела, се фокусира на случај на исчезната девојка, но полицијата одбива да поверува дека таа е киднапирана. Во 2015 година Дениз Хаскин била киднапирана од својот дом во Калифорнија и за неа се барал откуп. Кога нејзиното момче побарало помош од полицијата, се шокирало бидејќи полицијата не му верувала и го обвинила дека тој е одговорен за нејзиното исчезнување.


Гледачите ја опишуваат серијата како „најлуда“ досега и го споделиле шокот од постапката на властите.

- Целиот документарец е одличен пример зошто жените не се јавуваат во полиција кога ќе бидат нападнати. Полицијата е толку невнимателна, што е одвратна - напиша една гледачка.



Извор: Klix
Насловна фотографија: Netflix
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура