X
 22.05.2021 Спорт

Кои се правилата за гледачите на Европското првенство во фудбал?

Европското првенство во фудбал (УЕФА ЕУРО 2020) ќе се одржи со една година задоцнување, на 11 локации низ Европа. Сепак, ќе има ограничувања на бројот на гледачи и во сила ќе бидат одредени мерки.

Првенството ќе се одржува од 11 јуни до 11 јули, а наместо првичните 12 локации што беа најавени, сега натпреварите ќе се одржат на 11 места низ Европа. Планираниот капацитет на стадионите зависи од градот-домаќин.

Будимпешта е единствениот град што планира да организира натпревари со полн стадион, додека Баку и Санкт Петербург планираат половина капацитет. Другите осум града планираат капацитет помеѓу 22% и 32%.

Доколку се продадат повеќе билети од дозволениот капацитет, УЕФА ќе одлучи кои ќе бидат одобрени преку еден вид лотарија.


Фото: ФФМ

Оние обожаватели што ќе купат карти треба да бидат подготвени за некои новости при влегувањето на стадионот. Секој гледач ќе добие временски период од 30 минути во кој ќе може да влезе во стадионот пред натпреварот. Внатре ќе бидат задолжителни маските и ќе мора да се одржува растојание од 1,5 метар. Секој гледач смее на седи на седиштето што е запишано на билетот, а насекаде ќе има гелови за дезинфекција.

На полувремето сите гледачи треба да останат на седиштата и да одбегнуваат непотребно движење. Нема да се пуштаат лица што нема да се чувствуваат добро или имаат симптоми на ковид-19. Ова се правилата што важат за сите локации. Дополнително, секоја локација има свои правила. Македонија ќе игра во Букурешт и во Амстердам.

Амстердам

Гостите на натпреварите во Амстердам треба да знаат дека стадионот ќе прими околу 12.000 гледачи, односно околу 25% од својот капацитет. При влез ќе се бара негативен резултат од тест за ковид-19. Македонија ќе се соочи со Холандија на 21 јуни во Амстердам.

Букурешт

Националниот стадион во Букурешт ќе пушти 13.000 гледачи (околу 25%). При влез ќе се бара негативен резултат од тест за ковид-19, доказ за вакцинација или друг доказ за имунитет на ковид-19. Македонија ќе игра против Австрија на 13 јуни, а против Украина на 17 јуни на овој стадион.

Автор: Мартин Јанс
Извор: ispo.com
Фото: UEFA
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Спорт