X
 22.07.2023 Живот

Интересни факти за патувањето: Франција е најпосетувана, а Русија поголема од Плутон

Свети Августин убаво кажал дека светот е книга, а оние што не патуваат читаат само една страница. Поминаа многу векови, а научниците докажаа дека патувањето навистина ги прави луѓето посреќни, покреативни и попаметни, бидејќи запознавањето на другите култури и менувањето на местата на живеење влијае врз гледањето на работите од друга перспектива.

Еве неколку факти за патувањето:

- Париз и Венеција се најромантичните градови.
- Желбата за патување може генетски да се пренесе.
- Најдолгиот лет трае 17 часа.
- Жените што патуваат најмалку двапати годишно имаат помал ризик од срцев удар бидејќи патувањето го намалува нивото на стрес.
- Франција покрива најмногу временски зони во светот, а Канада е земја со најмногу езера.
- Русија е поголема од планетата Плутон, 99 отсто од површината на Либија е покриена со пустина, а Финска има речиси 180.000 острови, повеќе од која било земја во светот.
- Можеби не знаете дека Сан Марино има повеќе автомобили отколку луѓе.
- Во Норвешка има град наречен „А“.
- Секоја паричка фрлена во фонтаната Треви во Рим е донирана за добротворни цели.
- Во една минута во светот се прават приближно 64.651 селфи.
- Најпосетуваната земја во светот е Франција, а најпопуларен град меѓу туристите е Париз.
- Додека се подготвуваме за патување, најмногу лачиме хормон на среќа. Најмногу среќа доживуваме додека читаме за дестинацијата на која ќе патуваме и додека очекуваме да заминеме.
- Интровертите претпочитаат планини, додека екстровертите претпочитаат море.
- Најмногу хотелски соби се наоѓаат во Лас Вегас. Најскапата хотелска соба се наоѓа во Женева. Станува збор за стан кој го зафаќа целиот осми кат од хотел и неговата цена е 70.000 долари за една вечер.
- Дури 99 отсто од територијата на Либија е пустина, а најголемата земја во светот без река е Саудиска Арабија.
- Ако сте љубител на езерото, отпатувајте во Канада бидејќи во оваа земја има 3 милиони езера, а љубителите на вулкани треба да ја посетат Индонезија бидејќи таму има најмногу вулкани.

Извор: 24sedam.rs
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот