X
 22.08.2023 Култура

Ова е најдобриот филм за Џејмс Бонд во франшизата

„Скајфол“ е прогласен за најдобар филм за Џејмс Бонд досега. Истражувањето беше спроведено во Велика Британија од страна на казиното „Хил Вегас“, а 3.500 обожаватели на франшизата ги рангираа филмовите за најпознатиот таен агент од најдобар до најлош.

Филмот од 2012 година, во кој Даниел Крег го глумеше Џејмс Бонд, се најде на прво место со 17,5 отсто од гласовите. На второ место со 8,5 од гласовите е „Голдфингер“ во кој глумеше Шон Конери, а на трето е последниот филм на Даниел Крег во кој го глуми Бонд, „Нема време за умирање“, со 7 отсто од гласовите.

Последното појавување на Конери во улогата на Бонд, „Никогаш не вели никогаш повеќе“, беше прогласено за најлош филм за Бонд на сите времиња, со само 0,6 отсто од гласовите.

„Скајфол“ беше хит и меѓу публиката и меѓу критичарите. Заработи 1,1 милијарда долари на благајните низ светот, освои „Оскар“ за најдобра песна и најдобра монтажа на звук, како и неколку „Греми“, „Златен глобус“ и награда од Здружениот на филмски актери.

 

Извор: Index.hr
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура