X
 23.08.2023 Здравје

Создаден лек што спречува дебелеење дури и ако јадете нездрава храна

Исхраната богата со шеќер и маснотии не резултира со зголемување на телесната тежина или компликации на црниот дроб при користење на новиот, експериментален лек, покажа една неодамнешна студија на глувци.

Лекот наречен ЦПАЦЦ (CPACC) бил создаден од тим предводен од здравствениот научен центар на Универзитетот во Тексас. Лекот го ограничува протокот на магнезиум во митохондриите, кои се одговорни за генерирање енергија и согорување на калории во клетките. Митохондријалните абнормалности играат улога во различни болести, вклучувајќи дебелина, дијабетес и кардиоваскуларни нарушувања.

Магнезиумот е еден од главните позитивно наелектризирани јони во телото, заедно со калциумот, калиумот и натриумот, кој влијае врз различни клеточни функции. Магнезиумот игра клучна улога во одржувањето на здравјето, го регулира крвниот притисок, шеќерот во крвта и придонесува за јачината на коските. Меѓутоа, прекумерното количество на магнезиум го забавува производството на енергија во митохондриите.

Како функционира лекот?

Во студијата, лекот им го избришал генот МРС2 на глувците. Овој ген е одговорен за кодирање на протеинот кој го пренесува магнезиумот. Била направена споредба со глувци на кои не им бил избришан овој ген, а двете групи јаделе храна богата со масти, шеќери и калории. Глувците на кои им бил избришан генот биле слаби и имале подобар метаболизам. Лекот дејствува така што ги инхибира генските кодирани магнезиумски канали, што доведува до намалено навлегување на магнезиум во митохондриите.

Сепак, применливоста на резултатите на луѓето останува неизвесна, а авторите на студијата признаваат одредени ограничувања. Целосното бришење на генот може да предизвика други проблеми, па затоа се потребни дополнителни истражувања за ефикасноста на лекот.

Извор: Zimo
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје