X
 13.12.2020 Здравје

Ова јапонско правило за исхрана може да ви помогне да живеете подолго

Ако сакате да ја доживеете 100-тата година, јадете како здравите луѓе што ја доживеале

Едно место од кое можете да земете пример е Окинава, Јапонија, која е една од светските сини зони (места каде што луѓето живеат долг, здрав и среќен живот). Јадењето со совесност, намера и свесност е една од најзначајните карактеристики што е докажано дека помага во стапките на долговечност кај тамошните жители.

Ако некогаш сте имале доволно среќа да јадете со постари лица од Окинава, тогаш сигурно сте ги чуле како интонираат фраза инспирирана од Конфуциј пред да почнат со оброкот: „Хара хачи бу“ - потсетник да престанат да јадат кога стомакот им е полн 80 отсто.

Истражувањата покажуваат дека се потребни приближно 14 до 20 минути за вашиот мозок да регистрира дека вашиот стомак го достигнал капацитетот. А бавното јадење, со практикување на „хара хачи бу“, помага во тоа. Со други зборови, ако престанете да јадете кога мислите дека сте 80 отсто сити, веројатно сте 100 отсто сити (само сè уште не знаете).

Повторно и повторно, научниците и истражувачите откриле дека еден од најголемите проблеми на луѓето е тоа што јадат премногу.

Истражување од истражувачкиот центар „Пју“ покажува дека Американците консумираат многу повеќе калории дневно отколку што е препорачано. Д-р Брајан Вансинк, кој е и автор на книгата „Безумно јадење“, поминал долго време истражувајќи ги навиките на јадење низ целиот свет.

- Постои значителна разлика во калориите кога еден Американец ќе рече: „Сит сум“ и кога еден Окинавец ќе рече: „Повеќе не сум гладен“ - вели д-р Брајан.

hrana
Фото: Freepik

Важно е и она што го јадете


Постарите жители на Окинава јадат растителна исхрана, а нивните оброци главно се состојат од пржено гравче, спанаќ, зелен зеленчук, сладок компир и тофу - и сите тие изобилуваат со хранливи материи.

Гоја е уште една популарна главна храна. Позната и како „горчлива диња“, гојата е богата со антиоксиданси, витамини и минерали што можат да го намалат нивото на шеќер во крвта и да го подобрат имунитетот за да помогнат во борбата против вирусите.

Иако Окинавците јадат и свинско, риба и друго месо, тие обично се мала компонента од нивното целосно консумирање на храната.

„Хара хачи бу“ во практика


Едноставните промени во секојдневните навики во исхраната можат да помогнат со практикување на „хара хачи бу“ и да го подобрат вашето здравје.

Ова се четири лесни чекори за да почнете:

- Не опседнувајте се со внесувањето калории или губење на тежината. Начинот на Окинавците е работите да ги прават во умерени количини. Додека јадете, вежбајте совесност слушајќи го вашето тело.

- Јадете полека. Брзото јадење резултира со повеќе јадење. Забавете за да му дозволите на вашето тело да одговори на сигналите кои ни кажуваат дека повеќе не сме гладни.

- Фокусирајте се на храната. Исклучете го телевизорот и држете ги сите други форми на дигитални уреди подалеку кога јадете.

- Користете мали садови. Изберете да јадете во помали чинии и користете високи тесни чаши. Ќе јадете значително помалку без воопшто да размислувате.

Извор: CNBC
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје