X
 23.12.2018 Култура

Италијанско гратче кое пред Божиќ се претвора во бајка

Полињано а Маре се претвора во чиста магија во текот на претстојните празници. Уличните пазари, декорацијата што изгледа како да излегла од најубавите соништа на Дизни, и сето тоа во помало необичен божиќен амбиент, на море.


Полињано а Маре уште во четвртиот век бил основан од грчки колонисти, а денес е популарно туристичко место. Неодамна вовело наплаќање во стариот дел на градот. За цена од само 5 евра, туристите можат да купат влезници за посета на стариот град. Градоначалникот ја брани одлуката со тврдењето дека на овој начин се врши контрола на бројот на посетителите и се намалува неиздржливата гужва во тесните улички.

Туристите кои ќе се одлучат да платат влезница можат да го заобиколат стариот град кој се наоѓа во јужниот дел на Апулија, а ќе добијат подарок грицкали како пуканки, крофни, бомбони, но и освежителен пијалак. Новиот систем за влегување во градот е применет пред Божиќ и новогодишните празници и ќе трае до Водици, на 7 јануари, во време кога најголем број туристи го посетуваат ова место.


Оваа година, освен магичните украси, во Полињано е поставена и највисоката елка во Апулија, висока 18 метри.

Мирисот на колачи и деликатеси од овој италијански регион, пријатната атмосфера, квалитетното вино, како и детските аниматори се само дел од она што Понињано го нуди за околу 500.000 луѓе во текот на празничната сезона.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура