X
 24.07.2018 Технологија

Истражување: Родителите се заинтересирани да инсталираат софтвер за родителска заштита, еве каде може да го купите

Минатата година бројот на испитаници што имале инсталирано софтвер за родителска заштита изнесувал 5 проценти, односно забележуваме двојно зголемување на бројот на корисници на ваков софтвер

Само 10 проценти од домаќинствата во Македонија со малолетни лица имаат инсталирано софтвер за родителска контрола, покажува денеска објавениот Извештај на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) од испитување на јавното мислење од аспект на заштита на корисниците на електронски комуникациски услуги за резиденцијални корисници.

Повеќе од половина од испитаниците (58%) во чие домаќинство малолетните деца пристапуваат на интернет не се свесни дека постои софтвер за родителска контрола што на децата ќе им овозможи безбеден интернет. Речиси половина од оние што моментално немаат таков софтвер се заинтересирани да го инсталираат во иднина, но поголемиот дел од нив не знаат каде можат да набават таков софтвер.



Минатата година бројот на испитаници што имале инсталирано софтвер за родителска заштита изнесувал 5 проценти, односно забележуваме двојно зголемување на бројот на корисници на ваков софтвер.

Бојан Кордалов

„Иако улогата на родителите не може да биде заменета во процесот на воспитување и насочување на децата како да се однесуваат во онлајн-светот, сепак, софтверите за родителска заштита се главната поддршка на родителите во овој процес. Тие се сигурноста на родителот дека детето нема да западне во несакан чат или разговор на социјалните медиуми, како и дека ќе биде заштитено од други луѓе што имаат нечесни намери во онлајн-просторот. Токму од овие причини, заедно со ИТ-компанијата ’Кабтел‘ сме општествено-одговорно активни – да ја подигнеме свесноста и потребата од користење софтвер за родителска заштита кој е достапен и во нашата земја“, вели Бојан Кордалов, специјалист за односи со јавност и нови медиуми.

Токму еден од софтверите што се достапни во земјава е Safe Kids. Тој е достапен на македонскиот пазар по симболична цена од 950 денари за цела година, а лиценцата може да се користи за повеќе мобилни уреди во семејството. Овој софтвер е произведен од страна на Меѓународната лабораторија за интернет-безбедност Kaspersky и претставува мултиплатформа која им помага на родителите да создадат и да пронајдат нови безбедни начини преку кои нивните деца може да го истражуваат дигиталниот свет.

Safe Kids им помага на родителите да ги мониторираат информациите, им дава потврда за локацијата на која се наоѓа детето, управување со времето поминато на уредот, како и севкупна заштита од онлајн-ризиците што демнат врз најмалите. Овој софтвер помага да се насочат децата, така што тие ќе имаат пристап само до одредени типови веб-страници, содржини и апликации кои се соодветни за нивната возраст.

Листата со локации на продажни места на „Кабтел“ на кои можете да го набавите овој софтвер е достапна на следниот линк: http://kabtel.mk/kaspersky_network.php
Подготвил: В.И.И.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија