X
 24.07.2019 Спорт

Ова се најскапите спортски клубови

Списанието „Форбс“ објави листа на најскапите спортски клубови на планетата, а куриозитет е тоа што англискиот фудбалски клуб Манчестер Јунајтед забележа пад и испадна од најдобрите пет.

Американскиот рагби НФЛ-тим Далас каубојс е проценет на пет милијарди долари и со тоа ја понесе титулата најскап спортски клуб на светот.

Бејзбол-екипата Њујорк Јенкис е втора (4,6 милијарди долари), а фудбалскиот клуб Реал Мадрид е на трето место (4,24 милијарди долари). На 4. место е Барселона со 200 милиони помалку, а петти е кошаркарскиот НБА-тим Њујорк никс. Манчестер јунајтед, кој лани беше втор тим на листата, сега е на шесто место.

Преостанатите четири екипи од најскапите 10 се Њу Ингланд пејтриотс (НФЛ), Лос Анџелес лејкерс (НБА), Голден Стејт вориорс (НБА) и Њујорк џајантс (НФЛ).

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Спорт