X
 25.05.2018 Живот

Во овој град има најмногу милијардери

Капитализмот продолжува да го освојува светот. Пред 31 година на најпознатата листа на „Форбс“ имало 140 милијардери, а денес се повеќе од 2.200. Најбројни се претприемачите, вклучувајќи го и Џеф Безос, најбогатиот човек на планетата и првото лице кое во личен имот има повеќе од сто милијарди долари.

Најмногу нови лица има во Кина +54, САД +20 и Индија +18.

А кога станува збор за најбогатите градови, најмногу милијардери живеат во Њујорк - 79, па во Москва - 77, а по нив следат Сан Франциско со 74, Пекинг со 62, Шангај со 46, Лос Анцелес со 45, Мумбај со 43, Мајами со 32, Истанбул со 31 и така натаму.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот