X
 24.07.2023 Живот

Како да ја пронајдете вашата следна работа преку Пазар3.мк

Дали знаевте дека преку Пазар3 можете да ја најдете вашата следна работа? Без разлика дали барате вработување во секторот маркетинг, угостителство, занаетчиство, ИТ, градежништво, транспорт или кој било друг сектор, на Пазар3 со сигурност ќе најдете нешто што ви одговара.

Барањето нова работа е возбудливо, но е и процес кој е доста неизвесен и комплициран. Од една страна, можеби замислувате како ќе изгледа вашата следна работа, а од друга страна, можеби ќе бидете преоптоварени со сите задачи поврзани со барањето работа и ќе бидете загрижени дали или кога навистина ќе ја најдете вашата следна работа.

Пронаоѓањето на вашата следна работа е навистина лесно доколку го посетите Пазар3.мк и ги разгледате сите активни огласи за вработување. Без разлика дали сте во потрага по вашата прва работа по завршувањето на факултет или средно училиште, сакате да ја промените компанијата во која работите моментално или да напредувате во вашата кариера, или можеби барате дополнителна работа или работа од дома - на Пазар3 има голем број огласи за работа кои можеби ќе одговараат на она што го барате.

На Пазар3.мк постојат неколку начини на кои можете да пребарувате слободни работни места, и тоа:

1. Поле за пребарување по клучен збор
2. Селектирање на поткатегорија, односно сектор во кој барате работа
3. Селектирање локација во која сакате да најдете работа
4. Пребарување по клучен збор во одреден сектор и одредена локација.

Поле за пребарување по клучен збор

Доколку сте заинтересирани за конкретна работа позиција и се мислите барам работа, но како да ја најдам на најлесен и едноставен начин, Пазар3 препорачува во полето за пребарување да го вметнете клучниот збор - на пример: редење стока, проектирање ентериер, возач, келнер, маркетинг-специјалист, водоводџија и сл. На овој начин ќе бидат претставени сите активни огласи што го содржат одредениот клучен збор. Кога ќе го пронајдете соодветниот оглас, следниот чекор е да го контактирате огласувачот преку телефон или преку е-пошта доколку има наведено, со цел да добиете повеќе информации околу работната позиција. Во полето за пребарување можете да пребарувате со кирилска или латинична поддршка.

Селектирање поткатегорија, односно сектор во кој барате работа

Вториот начин на кој можете да ја најдете вашата следна работа е преку селектирање поткатегорија, односно сектор во кој барате работа. Доколку сте заинтересирани за работа исклучиво во одреден сектор, препорачуваме пребарувањето да го направите на овој начин. Со селектирање на посакуваниот сектор, ќе можете да ги погледнете сите активни огласи во таа индустрија.

Селектирање локација во која сакате да најдете работа

Третиот начин на кој можете да пребарувате е преку селектирање на локацијата во која сакате да најдете работа. Доколку сте исклучиво заинтересирани за работа во вашето родно место, Пазар3 советува пребарувањето да го извршите на овој начин.

Пребарување по клучен збор во одреден сектор и одредена локација

Четвртиот начин на пребарување може да го искористат оние баратели на работа што бараат конкретна работна позиција, во строго одреден сектор и локација. На овој начин ќе ви бидат прикажани само огласите што ги исполнуваат сите селектирани критериуми.

Предности од пребарувањето работни позиции на Пазар3.мк

Големиот број огласи во категоријата Работа на Пазар3.мк го прави навистина посакувана онлајн дестинација за сите баратели на работа. Секојдневно се објавуваат голем број огласи во најразлични сектори. На Пазар3 можете да најдете хонорарна работа, работа на половина или на цело работно време, како и работа во странство и работа од дома. Благодарение на достапните филтри за пребарување, наоѓањето работа е брзо, лесно и едноставно!

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот