X
 24.09.2019 Здравје

Германскиот суд одлучи - мамурлакот е болест

Мамурлакот е болест, пресуди германскиот суд откако граѓани поднеле тужба против произведувачот на пијалаци што наводно го лекуваат мамурлакот.

Група незадоволни граѓани поднеле тужба пред судот во Франкфурт поради лажно тврдење на произведувачот дека пијалакот лекува и мамурлак.

Од судот наведуваат дека под болест спаѓаат дури и најмалите промени во нормалната состојба на телото. Прехранбените производи, вклучувајќи ги и пијалаците, не можат да бидат рекламирани како намирници што можат да спречат или лекуваат болест, се наведува во пресудата.

- Информациите за производот не можат да содржат никакви својства за спречување и лекување на болести кај луѓето, ниту смеат да создадат таков впечаток. Под болест можеме да сметаме мало или привремено нарушување на нормалната состојба на телото - пишува во соопштението на судот.

Токму за овие симптоми произведувачот тврдел дека ги лекува. Пресудата е објавена по само неколку дена од почетокот на „Октоберфест“ во Минхен.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје