X
 24.11.2022 Забава

Обожавателите најдоа грешка во една од најгледаните епизоди на серијата „Пријатели“

Серијата „Пријатели“ е подарок што продолжува да дава многу, особено кога обожавателите наоѓаат грешки толку години подоцна.

Имено, обожавателите овој пат најдоа грешка во дијалозите меѓу Моника и Рејчел во една од најпознатите епизоди „Онаа со ембрионите“ (The One With The Embryos). Во оваа епизода Моника и Рејчел се натпреваруваат против Чендлер и Џои за големиот и убав стан на Моника, во игра што ја организира и измисли Рос.

Сосема безопасната игра, која започнува како предизвик дека едните се познаваат подобро од другите, на крајот завршува со станот како влог. Девојките на крајот губат, а Моника во нејзин стил полудува поради новонастанатата ситуација. Но, обожавателите забележаа нешто чудно.

- Откако момците ќе победат во играта и Рејчел ќе одбие да се пресели, Моника вели: „Ако изгубевме, ќе ги натеравме момците да се ослободат од патката и кокошката, нели?“ Нема смисла тоа што го кажа затоа што наместо „ако изгубевме“, требаше да каже „ако победевме“.

- Морав да проверам за да се уверам дека е вистина. Да, Моника навистина вели „изгубевме“. Не ми се верува дека никој не забележа - пишуваат интернет-корисниците.

Една од најгледаните серии во светот

Пријатели се емитуваше од 1994 до 2004 година. Ситкомот што ги следеше животите и љубовите на Моника, Рос, Рејчел, Чендлер, Џои и Фиби во последните години најде нова публика на стриминг-платформите и продолжува да биде една од најгледаните серии во светот.



Извор: Digitalspy.com
Фото: HBO
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава